Како да ја користите страницата?

Реагирај! е иницијатива против насилството кое им се случува на жените и девојките на јавните места во Скопје.
Прочитајте повеќе за иницијативата Реагирај!.

Иако користењето на страницата е доста инитиутивно, сепак може да постојат одредени нејаснотии. Во текстот кој следува, се надеваме дека сите ќе бидат разјаснети.

На сликата е насловната страница на овој сервис. Како што можете да забележите, овде имате голема мапа на која се означени сите инциденти кои се случиле во Скопје. Десно, се наоѓаат категориите на кои може да им припаѓа еден инцидент, и според кои можете динамички да ги филтрирате истите на мапата и да ги разгледате инцидентите само од еден тип.

Како што ја фокусирате мапата на одреден дел, можете подетално да ги видите инцидентите кои се наоѓаат на тоа место, кои пред да се фокусира се собрани во вкупен број.

За да пријавите нов инцидент, можете на кликнете на коплето кое се наоѓа на врвот на секоја страница „Пријави нов инцидент“, или пак да го изберете истоимениот таб. Тоа ќе ве однесе на формата подоле:

Пријавата задолжително:

- Треба да ја насловите (може да биде и еден збор);
- Да го опишете она што ви се случило или на кое сте биле сведок во местото за опис);
- Ако не пријавувате нешто веднаш, да го промените датумот и времето со кликање на „Измени ја датата“;
- Да изберете минимум една од категориите, можете и повеќе со кои соодветствува тоа што ви се случило/сте го виделе;
- Да означите дали сте сведок или жртва;
- Да изберете на каков тип на место се случил инцидентот;
- Да означите на мапата каде се случило, со кликнување на иконата со „+ и моливче“ и да го прецизирате местото за да е појасно, на пример: на ќошот на улицата, на почетокот на паркот;

Не е задолжително:

- Да пополните какво било вашето искуство со полицијата доколку сте пријавиле;
- Да прикачите фотографија, видео или линк од вести до настанот.

За да се информирате повеќе околу категориите, и некои други поединости прочитајте овде.

Ако кликнете на табот „Статистика“ ќе се отвори приказ на сите поднесени пријави, кои можете да ги филтрирате по датум, категории, дали се потврдени или не, итн според сите полиња кои ги содржи формата за поднесување на пријавата. Некои имаат посебни табови, а за останатите треба да кликнете на „Повеќе опции“ и да одберете.

Покрај тоа што можете да ги гледате како листа, можете да ги видите и претставени на мапа ако сакате да добиете повеќе визуелен приказ за каде се случиле, со кликнување на „Мапа“ во горниот лев агол.

Покрај тоа што можете да пријавувате инциденти, и да ги прегледувате веќе пријавените, можете и понатаму да се инволвирате во страницата. Можете да креирате профил кој ќе ви овозможи да се логирате и да:

- Имате преглед на своите пријави;
- Имате преглед на своите чекирања;
- Ќе можете да си праќате приватни пораки со другите корисници;
- Можете да коментирате на пријавите и да гласате позитивно или негативно за коментарите;
- Можете да го уредите вашиот профил по ваша желба.

Се надевам дека поголемиот дел од работите беа опфатени во овој опис на страницата. Ако имате други прашања, слободно контактирајте не.